Мареј ја топи предноста на Ѓоковиќ

Од:

Енди Мареј, вчера ја освои титулата на Вимблдон и значително ја намали предноста на Новак Ѓоковиќ на АТП листата. Мареј предноста во однос на Ѓоковиќ ја намали за речиси 3.000 поени.

Енди Мареј лани на Вимблдон беше елиминиран во полуфиналето, а оваа година победи во финалето и бодовното салдо го зголеми за 1.280 бодови. За разлика од Британецот, Ѓоковиќ не ја одбрани титулата, Вимблдон го напушти по поразот во третото коло, по поразот од Сем Квери и загуби 1.910 бодови.

Ѓоковиќ на првото место на АТП листата има 15.040 бодови, додека Мареј на второто место има 10.195 бодови. Трет на листата е Роџер Федерер со 5.945 бодови, а на четвртата позиција е Рафаел Надал со 5.290.

Стан Вавринка е на петтото (4.720), Кеи Нишикори е шести (4.290), а финалистот на Вимблдон Милош Раониќ остана на седмата позиција (4.285).

Томаш Бердих се врати на осмата позиција (3.490), деветти е Доминик Тим (3.175), а меѓу најдобрите десет повоторно е Жо-Вилфред Цонга (2.995).

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен