Балканскиот пат на дрогата се помести од Србија во Бугарија и Романија

Од:

Традицоналниот „балкански пат на дрогата“ кој минува низ Србија, во последниве неколку години се помести на исток, во Бугарија и Романија, проценува српската владина Агенција за борба против наркотици.

Како што јави Танјуг, според директорот на Агенцијата, Милан Пекиќ, ваквото поместување на рутата се должи на фактот што шверецерите на дрога, пред се на херион, кои доаѓаат од Авганистан и Турција, повеќе претпочитаат веднаш да влезат во ЕУ, преку териториите на Бугарија или Романија, отколку да се движат преку другите балкански земји.

Пекиќ посочува дека во последниве години се позачестена е тенденцијата, дрогата да се шверецува преку Црното Море, наместо по копнен пат.

– Доказ за тоа се се почестите случаи на запленување на кокаин и хероин во пристаништата на Црното Море, а особено во романското пристанште Констанца, нагласува Пекиќ.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ