Невработеноста во Швајцарија е намалена за 0,1 отсто во јуни, и изнесува 3,1 отсто. Бројот на невработени е намален за 5.651 лице на месечна основа односно вкупно има 139.127 невработени, соопшти Министерството за економија, образование и наука.
Кај младите на возраст од 15 до 24 години невработеноста е намалена во јуни за 0,1 отсто до ниво од 2,9 отсто колку што било и лани.
Кај лицата над 50-годишна возраст невработеноста е намалена исто така за 0,1 отсто на месечна основа.