Британецот Стив Камингс победи на седмата етапа на „Тур д’Франс“, по која жолтата маичка ја задржа Белгиецот Грег Ван Авермет и ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Алафилип на 6:36 минути.
Етапата долга 167 километри од Л’Иљ Журден до езерото Пакол, Камингс ја мина за три часа, 51 минута и 58 секунди.
Второто место го освои Дерил Импи, кој беше побрз од Даниел Алваро. Овие двајца зад победникот задоцнија за 65 секунди.
Наредната етапа ќе се вози в сабота од Поа до Бањер де Лишон и е долга 184 километри.