Пред две и пол години Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа во францускиот зимски центар Мерибел. Од тој момент па се до денес светската јавност добива малку информации за здравствената состојба на легендраниот формула 1 возач.
Портпаролката на семејството Забине Кен, порача дека има разбирање за јавноста која бара информации, но во исто време побара да се почитува приватноста на семејството.
„Морате да прифатите дека семејството сака да го заштити Михаел. Тој нема нема да исчезне, но ситуацијата е многу тешка и поради тоа мора да има повеќе приватност и мора да го има вашето разбирање“, ја пренесува изјавата на Кем, порталот Sportal.de.
Шумахер несреќата ја доживеа во Мерибел, нa 29. декември 2013 година, додека скијал тој паднал и со главата удрил во камен. По несреќата веднаш беше префрлен во клиниката во Гренобл, каде му беше извршена операција, а потоа шест месеци беше во кома.
Неговата рехабилитација продолжи во швајцарска Лозана, а во септември минатата година е префрлен на домашна нега во семејниот дом во Гланд.
Од моментот кога се случи несреќата неговите колеги, пријатели, навивачи…, не престана да испраќаат пораки со поддршка, а со него останаа и речиси сите спонзори. Сите тие не ја загубија надежта дека Шуми ќе ја добие најважната трка во својот живот.
Михаел Шумахер без сомнение е еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, статистички секако е најдобриот. Тој е седумкратен светски шампион, единствен со таков резултат, а сопственик е на уште неколку индивидуални рекорди (најмногу победи, најмногу извозенио најбрзи кругови, најмногу пол позиции).
Во текот на кариерата возеше за Џордан, Бенетон, Ферари и Мерцедес, а најголемите успеси ги постигна како возач на Скудерија Ферари.
Првите две титули ги освоил со Бенетон (1994, 1995), а апсолутна доминација оствари со Ферари, освојуваќи пет титули (2000-2004).
Од Формула 1 се повлече во 2006 година, но на патеките се врати во 2010 година во болидот на Мерцедес од каде замина во пензија по трката во Бразил во 2012 година.
Германецот во кариерата стартувал на 307 трки, забележал 91 победа, а вкупно 155 пати се искачувал на победничкиот пиедестал. Од пол позицијата стартувал 68 пати, а 77 пати го возел најбрзиот круг. Освоил вкупно 1.566 бодови, рекорд кој беше актуелен до сезоната 2014, кога рекордот го собори Фернандо Алонсо.
Го држи рекордот од 13 победи во една сезона, кој во 2014 година го израмни од Себастијан Фетел.
Тој и Хуан Мануел Фанџо се едниствените кои освоиле пет шампионски титули во низа.
Иако на патеките покажуваше возачка луцидност и знаење, сепак неговата кариера не мина без инциденти кои вечно ќе се паметат.
До својата прва титула во 1994 година стигна откако на последната трка во Австралија од патеката го иструрка Дејмон Хил. Нешто слично се обиде да направи и во 1997 година, кога на трката во Херез се обиде да го истурка Жак Вилнев, но на крајот тој заврши надвор од патеката, а Вилнев ја освои титулата.
Поради тој инцидент подоцна ФИА му го одзеде второто место во вкупниот пласман, но резултатите постигнати таа сезона не му беа избришани.
Михаел Шумахер од 1995 година е оженет со Корина, има две деца Џина-Марија и Мика. Познат е по својата хуманитарна работа, на разни организации со својата работа им подарил десетици милиони долари.
Беше и амбасадор на УНЕСКО и се бореше за безбедноста на возачите на патиштата.
И неговиот помлад брат Ралф возеше во Формула 1, интересно тие се единствените браќа кои ги освоиле првите две места на некоја трка (2001 во Канада), а потоа истото го повотрија на уште четири трки.