Со издавањето на новата еврообврзница и задолжувањето на граѓаните на Република Македонија со нови 650 милиони евра, Никола Груевски порачува дека по неговото заминување од политичката сцена ќе следи потоп. Во последните мигови од својот политички живот на идните генерации им скрои „грчко сценарио“, со единствена цел да го финансира клиентилизмот и да троши пари на забегани проекти од типот на „Скопје 2014“. „Големиот економски реформатор“ на секое новороденче му скрои дополнителни 3 илјaди евра долг.
Наместо разрешница на политичката криза преку оргинизирање на фер и демократски избори, Груевски очајнички посегнува по ново задолжување надевајќи се дека со 650 милиони евра ќе ја купи својата „невиност“ и ќе се спаси од политичката и правна одговорност за сите криминалии направени во изминатиов десет годишен период.
Тој уште еднаш покажа дека иднината на државата е нешто кое е помалку вредно во неговите очи, во однос на спасот на криминалците од владејачката гарнитура, велат од НСДП.