Кербер против Серена Вилијамс во женското финале на Вимблдон

Од:

Шампионката на „Австралија Опен“, Анжелик Кербер се избори за настап во финалето на Вимблдон, откако во второто полуфинале ја победи Венус Вилијамс и за трофејот в сабота ќе игра против помладата од сестрите Вилијмс (Серена).

Кербер во поинтересното полуфинале ја победи Венус Вилијамс со 6:4 и 6:4 во гемови. Ова за Германката Кербер ќе биде прво финале на Вимблдон.

Серена Вилијамс, која ја брани титулата на Вимблдон, во првото полуфинале без многу проблеми ја совлада Елена Веснина со 2-0 во сетови и на противничката и препушти само два гема (6:2 и 6:0). Таа се избори за своето девето финале, а шестпати била победничка.

Утре на Вимблдон се играат машките полуфинални мечеви Рожер Федерер – Милош Раониќ и Енди Мареј – Томаш Бердих.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен