Серена експресно во финалето на Вимблдон

Од:

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс експресно избори пласман во финалето на Грен слем турнирот во Вимблдон.

Помладата од сестрите Вилијамс, во првото полуфинале, за само 48 минути ја декласира Русинката Елена Веснина. Серена на својата противничка во двата сета и препушти само два гема (6-2,6-0).

Серена Вилијамс избори пласман во своето 28-мо Грен слем финале, а в сабота ќе се обиде да го освои 22-от трофеј на турнирите од Грен слем серијата со што би се израмнила со Штефи Граф на првото место на вечната листа.

Американката нема Грен слем трофеј од минатата година кога го освои Вимблдон, потоа загуби во полуфиналето на УС Опен, а оваа година ги загуби финалните мечеви на Австралија Опен од Анжелик Кербер и на Ролан Гарос од Гарбиње Мугуруза.

Серена во финалето ќе игра против постарата сестра Венус или Германката Анжелик Кербер.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен