Ѓорческа избори полуфинале во Торино

Од:

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Торино. Таа денеска во четвртфиналето ја победи третата носителка Софија Шапатава од Грузија со 2-0 во сетови.

Првиот сет Ѓорческа го доби со 6:4 во гемови, а во вториот, иако губеше со 4:5, стигна до 7:5 со три освоени гема во серија.

Противничка на Македонката во полуфиналниот меч ќе биде подобрата од дуелот Монсерат Гонзалез (Парагвај) – Ирене Буриљо (Шпанија).

Ѓорческа попладнево ќе настапи и во игра на двојки. Заедно со партнерката Далила Јакупович од Словенија игра меч од полуфиналето.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен