Вториот носител на Вимблдон, Енди Мареј успеа да се пласира во полуфиналето откако со 3-2 во сетови го победи Жо-Вилфред Цонга.
Ова за него е седмо полуфинале на овој Грен слем турнир. Мареј имаше водство од 2-0 во сетови (7:6 и 6:1 во гемови), а Цонга успеа да изедначи (6:3 и 6:4), додека во решавачкиот сет беше 6:1 во гемови за Мареј. Мечот траше 3 часа и 53 минути.
Негов ривал во полуфиналето в петок ќе биде финалистот од 2010 година Томаш Бердих, кој со 3-0 во сетови го победи Лукас Пуиле.
Во второто полуфинале ќе играат Рожер Федерер и Милош Раониќ. Федерер со 3-2 во сетови го победи Марин Чилиќ, а Раониќ со 3-1 беше подобар од Сем Квери.