Рожер Федерер и Милош Раониќ ќе играат во полуфиналето на Вимблдон.
Федерер по голема борба и со пресврт успеа да го победи Марин Чилиќ, кој поведе со 2-0 во сетови.
Чилиќ првите два сета ги доби со 7:6 и 6:4 во гемови, а Федерер до полуфиналето стигна откако ги доби следните три сета со 6:3; 7:6 и 6:3 во гемови. Ова беше 10-ти пат Федерер од 0-2 да стигне до победа од 3-2 во сетови.
Раониќ беше подобар од Сем Квери со 3-1 во сетови (6:4; 7:5; 5:7 и 6:4 во гемови) и се избори за своето второ полуфинале на Вимблдон.
Во тек се другите два четвртфинални меча: Жо-Вилфред Цонга – Енди Мареј и Томаш Бердих – Лукас Пуиле.