Србљак избори второ коло на фјучрсот во Скопје

Од:

Македонскиот тенисер Горазд Србљак успеа да се пласира во 2.коло на фјучрсот во Скопје откако со 2-1 во сетови го победи Вулнет Таши од Швајцарија.

Првиот сет го освои Таши со 7:4 во тај брејк, а следните два со многу подобра игра му припаднаа на Србљак со 6:3 и 6:1 во гемови. Србљак покрај Томислав Јотовски е македонски тенисер во второто коло, но и двајцата утре ќе играат со првите двајца носители. Јотовски против првиот носител Ричард Габ од Велика Британија, а Србљак против вториот носител Клаудио Фортуна од Италија.

Другите македонски тенисери во сингл ги загубија мечевите. Финалистот на претходниот фјучрс Димитар Грабул загуби со 2-0 (6:1 и 6:4 во гемови) од Борна Гојо од Хрватска. Бесир Дургути беше поразен од Љубомир Челебиќ од Црна Гора со 2-0 во сетови (6:0 и 6:3), додека Шендрит Деари го предаде мечот на Франческо Грацели од Италија при резултат 6:4 и 4:0 во гемови за Грацели.

Попладнево во двојки ќе играат во четвртфиналето Предраг Русевски и Томислав Јотовски против Љубомир Челебиќ и Дарко Јандриќ, а меч во двојки ќе има и Деари со Таши против хрватските тенисери Гојо и Биљешко.

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен