Турските воено воздухопловни сили ќе помогнат за гарантирање на безбедноста на средбата на врвот на НАТО во Варшава.
Ваква одлука е прифатена од раководството на Алијансата.
Се очекува од воено воздухопловната база во турскиот округ Коња кон Полска да полетаат четири авиони за рано предупредување и контрола.
Освен турските ВВС, за безбедноста на форумот ќе гарантираат и британски и француски воени авиони.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе учествува на средбата во Варшава, која ќе се одржи на 8 и 9 јули.