Денешното судско рочиште за случајот „Дива населба“ е одложено за 14 јули поради болест на еден од обвинетите.
– Главната расправа за предметот поврзан со настаните од кумановско „Дива населба“, која беше закажана за денеска, со одлука на судечкиот совет се одложува бидејќи од Затворот Прилеп пристигнато е известување дека еден од обвинетите кој е опфатен во конкретниот предмет од 03.07.2016 година, по направени испитувања на здравствената сосотјоба, препишана му е терапија и дадено е мислење од доктор дека лицето во следните седум дена заради примање на конкретната терапија нема да биде во можност да присуствува на судењето, се вели во соопштението од Кривичниот суд.
Судечкиот совет, како што се додава во соопштението, поради тоа донесе одлука денешната главна расправа да ја одложи, известувајќи ги странките во постапката дека следен термин за продолжување со главната расправа останува 14 јули во 10:00 часот.