Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со победите на фјучрс турнирот во Торино. Таа денеска во 2.коло ја победи Магдалена Фреч од Полска со 2-0, по сетови 6:3 и 6:1.
Во четвртфиналето Македонката утре ќе игра против третата носителка Софија Шапатава од Грузија.
Ѓорческа попладнево ќе има настап и во игра на двојки каде со својата партнерка Далила Јакупович од Словенија во четвртфиналето ќе играат против италијанските тенисерки Сара Марикони и Џесика Бертолдо.