Зошто Ердоган и Путин ја закопаа секирата?

Од:

Блумберг – Њујорк

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган се многу слични за да да останат нерпијатели за долго. Во понеделникот, официјалната веб страна на Кремљ објави делови од писмото на Ердоган до Путин во кое турскиот лидер се извинува за соборувањето на рускиот авион во ноември и нуди компензација за семејството на загинатиот пилот.

Можно е да има економски причини за неочекуванто извинување но идеолошката блискост на двајцата лидери – и нивниот интерес да се договараат – веројатно исто помогнале за прекратување на конфликтот.

Откако рускиот авион кој беше на мисија во Сирија за кратко ја премина границата со Турција, и беше соборен од турската ПВО, Путин побара извинување и понуда за компензација за Русија за нанесената навреда, но Ердоган упорно тврдеше дека Путин треба да се извини за нарушувањето на воздушниот простор. И двете страни се обвинуваа взаемно заради поддршка на терористите во Сирија, а во одредени моменти реториката изгледаше силно жестока за некој да попушти.

За да ја казни Турција, Москва ја сопре продажбата на туристички пакети за Турција, им забрани на турски градежни фирми да градат во Русија, и наложи забрана за увоз на турски земјоделски производи и пилешко месо. Минатата година Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) пресмета дека руските санкции ќе го намалат економскиот раст на Турција за 0,3 до 0,7 процентни поени во 2016 година, но Ердоган не отстапи.

Бројот на руските посетители во Анталија, една од саканите дестинации за Русите во последниве десет години, годинава опадна за 95 проценти. Тоа и ќе беше подносливо затоа што Турција вобичаено ја посетуваат пет пати повеќе туристи од Европа отколку од Русија. Но годинава Британците и Германците исто се воздржаа заради заканите по безбедноста, така што вкупниот број на туристи бележи намалување од 45 проценти во споредба со минатата година. Тоа би можело да влијае за пресвртот во позицијата на Ердоган, но плановите на турскиот лидер веројатно се и покомлицирани.

Токму кога Кремљ го објави извинувањето на Ердоган, Турција и Израел објавија нормализација на дипломатските односи, прекинати пред шест години, откако осумина Турци загинаа во изралески напад врз брод кој пловеше кон Газа. Тоа може да и овозможи на Турција диверзификација во снабдувањето со енергија: сега Израел може да изгради гасовод до Кипар, што би и помогнало на Турција да стане помалку зависна од руски гас. Рускиот државен производител Газпром обезбедува околу 55 проценти од потребите на Турција.

Русија е категорично против предлогот за гасовод. Израел го знае ризикот од овој проект и има алтернативни планови да носи гас во Египет, таму да го втечнува и да го извезува со бродови, а не по цевки. за да може гасоводот да стане факт, Ердоган треба да зборува со Русија, можеби за повторно оживување на руските планови за нов руски гасовод до Турција, со кој ќе биде создаден гаснопроизводствне центар за понатамошен извоз кон Јужна Европа.

Позицијата на Турција како врата кон Блискиот исток бара пријателски односи со водечките играчи. Ердоган е тврдоглав, но е итар и треба да сфати дека за него е полесно да поддржува прагматични взаемни односи со Путин отколку, да речеме, со лидерите од Европската унија.

Европа им вети на Турците безвизни патувања во замена за подготвеноста на Турција назад да ги прифати мигрантите без документи кои доаѓаат од нејзина територија. Но за да ги укине визите, ЕУ побара од Турција исто така да ги смени своите силно критикувани антитерористички закони кои доведоа до лишување од слобода на редица новинари и активисти – нешто кое Ердоган одби да го стори.
Кон крајот на минатата година, потчинетиот на Путин руски парламент донесе уште построг пакет од антитерористички и антиекстремистички закони во споредба со турските. Од 20 јули, „оправдувањето“ или „поттикнувањето“ на тероризам на социјалните мрежи ќе биде казнувано со максимална казна од седум години затвор. Екстремизмот – нејасно дефиниран престап за кое секоја година стотици луѓе се казнувани или затворани – сега носи осумгодишна затворска осуда. Тоа е повеќе во споредба со тригодишниот максимум кој турското законодавство го предвидува за исти престапи. Телекомуникациските оператори се принудени да ги чуваат шест месеци сите информации и записи на телефонски разговори, и треба да им достават на безбедносните органи инструменти за дешифрирање, ако е тоа потребно. Тоа е веројатно најрепресивниот законски пакет кој е донесен во Русија по крајот на Советскиот сојуз.
Ердоган треба да чувствува извесна доза на завист кон способноста на Путин до голема мера да прави што си сака во својата земја – но и блискост со него, И двајцата го гледаат светот како арена за конкуренција на живот и смрт, при што економската корист секој пат надвладуваат над човечките вредности.

Конфликтот беше неприроден за двајцата диктатори и што значи едно извинување меѓу двајца мажи кои можат да сторат многу за взаемно да се поддржат? Ердоган е склон да ги остави кремљските пропагандни изданија да слават победа, ако е тоа неопходно, за повторно да започне да склучува зделки со Русија – и да му покаже на Западот дека не му недостигаат алтернативни партнери кои не се обидуваат да му ги наметнуваат нивните вредности.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп