(ВИДЕО) СДСМ бара, општина Прилеп не дава 1 милион денари за фудбалерите на “Победа“

Од:

Фудбалерите и стручниот штаб на ФК Победа ја вратија фудбалската гордост на прилепчани со пласманот во првата фудбалска лига на Република Македонија!

Ваквиот успех мора да биде награден!

Токму затоа, Советничката група на СДСМ и коалициските партнери бара Советот на општина Прилеп да издвои 1 милион денари од општинскиот буџет, како еднократна награда за фудбалерите и стручниот штаб на ФК Победа.

Бараме овие средства да бидат трансферирани пред почетокот на фудбалската сезона.

Ваквото барање го поднесовме на претходната седница на Совет, коешто Претседателот на Совет експресно го одби, а предлогот не го стави на дневен.
Денес повторно побаравме истата точка да се стави на дневниот ред на денешната седница, што беше исто така одбиено.

Претседателот на Совет не го почитува законот и деловникот за работа, го наметнува своето самоволие, поради што ја напуштивме денешната седницата.
Со цел да покажеме дека СДСМ нема намера да прави политички поени, предложивме предлогот за награда на фудбалерите на Победа да биде иницијатива на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, којашто ние безрезервно ќе ја поддржиме.

Но, власта нема слух и волја, ниту за еден ваков искрен предлог!

Општина Прилеп и Градоначалникот Ристески имаат пари за скапи службени ручеци по прилепските ресторани и кафеани, а немаат за фудбалерите на ФК Победа!

Да потсетам на минатата седница, Советот на општина Прилеп издвои 25 милиони денари за покривање на загуби и несовесно и нестручно работење на Јавните комунални претпријатија од градот.

Забораваат дека овие фудбалери, после долги години го вратија фудбалот во најфудбалскиот град и ја вратија публиката на трибините.
Затоа, и покрај противењето на ВМРО-ДПМНЕ, на секоја наредна седница на Совет ќе го поставуваме предлогот на дневен ред, сѐ додека фудбалерите на

Победа не ја добијат скромната награда во висина од 1 милион денари.

Ваквата финансиска благодарност е премалку, за се што оваа генерација фудбалери направи за нашиот град, рече координаторот на советничката група на СДСМ, Илија Јованоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

СДСМ: Мицкоски да прифати затворена седница на Собрание, да каже каков е планот за евроинтеграциите

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Николовски нема ниту еден нов започнат проект во првите 100 дена Влада

Предраг Петровиќ

Лефков: ДЗР констатира Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа