ЛДП: Македонија ја напушта европската агенда поради тесни интереси на владата

Од:

Либерално- демократската партија во изминатите четири години, после секој извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, укажува дека владата се одалечува од европската агенда. Истата таа влада го усвои извештајот на Прибе, а цела година со прст не мрднува за споведување на реформите.

Во последниот период ситуацијата добива крајно драматичен епилог.

Европската комисија јасно укажува дека и кратењето средства од претпристапните фондови кои служат за приспособување на земјата на патот кон ЕУ во износ од 27, 1 милиони евра е токму поради погрешните и недемократски политики на власта. Исто така, Комисијата јасно укажува и на неодржливоста и погрешната политика во областа на транспортот, која е проследена со бројни афери. Покрај ова, треба да се имаат и предвид сомнежите на институциите на ЕУ, пред се’ на Агенцијата ОЛАФ и на Европскиот суд на ревизори за злоупотреба на средствата од претпристапната помош во изминатите години.

Само два дена по овие санкции, се промовирани нови санкции или „кратење на средства“, како што власта милува да ги нарекува санкциите. Македонија е исклучена од користење на средства во висина од 150 милион евра за инфраструктурни и енергетски проекти наменети за земјите од Западен Балкан. Очигледно е дека санкциите нема да запрат доколку власта не се вразуми и не отпочне со процесите на демократизација и практицирање на европските стандарди и вредности.

Претпристапната помош имаше големо значење за државата помеѓу 2007-ма и 2013-та година, кога на Македонија и се одобрени околу 620 милиони евра, а за периодот 2014 – 2020 треба да добие дополнителни 664 милиони евра.

ЛДП апелира Република Македонија да ги земе предвид опасностите од натамошните санкции од кои ќе бидат загрозени сите граѓани и сите заеднички, да ја вратиме земјата на вистинскиот, европски пат.

Би можело да ве интересира

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ

ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти

Аврамоска-Ѓореска: Не е само 8 март ден на жените

Горан Наумовски