Обид за убиство во село Чепигово

Од:

Основното јавно обвинителство – Прилеп изврши увид на местото каде што 22-годишен жител на селото Бела Црква, општина Кривогаштани се обидел да лиши од живот едно 35-годишно лице од село Чепигово, општина Прилеп.

Имено, вчера околу 19:30 часот во атарот на село Чепигово, осомничениот со пиштол калибар 9мм пукал во оштетениот, кој од истрелот се здобил со прострелна рана во пределот на стомакот. Причината за овој кривично – правен настан се претходно нарушени односи помеѓу двете лица.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп, по увидот на лице место, издаде наредби за обезбедување на материјални докази пронајдени на местото на настанот.
Врз оштетениот е извршена хируршка интервенција во болницата во Прилеп и според првичната констатација на лекарите, тој се наоѓа надвор од животна опасност.

По пристигнувањето на кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежниот јавен обвинител ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука за која јавноста ќе биде навремено информирана.​

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР

Горан Наумовски

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

ОЈО предложи притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир

Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

(ВИДЕО) Митева: Филипче има имот над 1,3 милиони евра