Селмани: Министерката призна дека владините кампањи се партиска пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Една реченица од министерката за Информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска на денешниот брифинг за законот за владините кампањи кажува се.

Обидувајќи се да не убеди зошто мора да има владини реклами, дословно рече, Владата мора да има начин преку медиумите да се обрати на својот електорат.

Поискрено признание дека владините кампањи немаат врска со јавен интерес и дека претставуваат партиска пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ платена со јавни пари, нема.

Владата не треба да се обрати на нејзиниот електорат, и реагирав на министерката, туку на граѓаните, од кои собирате данок.

Ако сакаат да се обратат на нивниот електорат, нека платат од сметката на ВМРО-ДПМНЕ, а не од буџетот на државата.

Уште еден куриозитет од денешниот брифинг во МИОА, кој сметам дека вреди да го споделам со моите фејсбук пријатели. Ако мислите дека Латас беше најгласен во одбрана на законот на владата, се лажете.

Иван Мирчевски од Канал 5 и Лирим Хајредини од Алсат-М, беа најжустри и најдрски во одбраната на законот на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, со кој овие партии со наши пари си купуваат безплатна медиумска промоција.

ЗНМ нема да поддржи закон коj ја легализира корупцијата во медиумите. Само сетете се на бомбите, како Мијалков беше фатен во улога на главен уредник на Сител! Таа улога си ја платил со два милиона евра од владини кампањи!

А сетете се уште на оној кутриот од Канал 5, којо се нудеше да исклучи струја на сосптвената телевизија само да ги исполни желбите на Мијалков. После бомбите, се е поинаку! Не можете повеќе да ни продавате шарени лаги, напиша на својот Фесбук профил, Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

Новинарските здруженија се против планот на Заев да ги врати државните реклами на медиумите

Жарко Настоски

Селмани: Ахмети ја почна кампањата против референдумот

Ана Ололовска

Селмани: На први септември ќе протестираме за ослободување на Зоран Божиновски

А1он

СДСМ: Повлекувањето на Законот за владино рекламирање е победа на граѓаните

А1он

(ВИДЕО) Тунтев: Повлечен Законот за владино информирање, спречивме уште една лудост на ВМРО-ДПМНЕ

А1он

Селмани: ЗНМ нема да учествува во партиските консултации, договорот уште повеќе го партизира медиумскиот простор

А1он