Унгарските власти почнаа да спроведуваат контрола долж границата со Србија и Хрватска, со цел мигрантите, кои ќе бидат запрени во зона широка осум километри од границата, да бидат испратени до најблискиот транзитен центар, изјави денеска советникот на унгарскиот премиер за внатрешна безбедност, Ѓерѓ Баконди.
– Мерката, која ја одобри Парламентот, ќе стапи во сила утре, истакна Баконди.
Тој нагласи дека истовремено ќе бидат зајакнати и пограничните контроли.