Публиката се жали дека фустаните на Вимблдон премногу откриваат

Од:

Непишано правило на Вимблдон, кога станува збор за облекување, е дека тенисерите да се облекуваат во бела облека. Но ова правило често им задава главоболка на дизајнерите на спортска опрема кои се обидуваат да додадат малку боја, а да не ја налутат пребирливата „модна полиција“.

Оваа година Најк предизвика многу вниамние и коментари за она што им го понуди на спортистките.

Новата линија на спортска облека за тенисерки наречена „NikeCourt Premier Slam“ е предмет на расправа со оглед на тоа што потсетува на кратка, проѕирна ноќница и според многумина, нешто што би требало да се носи само зад затворени врати.

Облеката открива премногу, особено во текот на ветровити денови, па Најк испрати мејл во Си-Ен-Ен во кој појасни дека фустаните сепак теба малку да се поправат.

– Производите не се повлечени, а измените често ги правиме веднаш по желба на нашите клиенти. Се обидуваме да направиме на теренот да се чувствуваат добро и удобно и да го дадат свој максимум, рече портпаролот на Најк.

Канаѓанката  Ежени Бушар рече дека убав е фустанот, бидејќи и краток, а токму такви ги сака, додека некои тенисерки биле принудени во почетокот на турнирот сами да направат промени на фустаните, па некои од нив ги врзувале краевите на фустаните во чворови. 

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен