По повеќе од два часа жестока расправа, ректоратот одлучи дека е ненадлежен за да ги поништи изборите кои ги оцени како скандалозни. Иако го осуди секој вид на насилство, ректоратот сепак се одлучи да формира комисија која до 15 септеври треба да ги разгледа сите факти и докази за настаните на денот на изборот на претседател на Студентскиот парламент при УКИМ.
Првиот предлог е итна измена на Статутот на УКИМ во делот на студентското организирање за што е формирана комисија на 27 јуни, а во која ќе учествуваат претставници на Студентскиот пленум и на СПУКМ.
Предлозите беа поднесени од страна на Деканот на Правниот факултет, Борче Давитковски, но по неколку измени на неговите предлози и целосно поништување на предлогот Кирил Спировски да остане претседател на СПУКМ се до септември додека не се направат статутарните измени во поглед на студентското организирање, тој ја напушти седницата.
Александар Тодески