Грабул поразен во финалето на вториот фјучрс во Скопје

Од:

Македонскиот тенисер Димитар Грабул загуби од Французинот Александар Милер, во финалето на вториот ИТФ фјучрс во Скопје.

Во меч кој траеше еден час и 12 минути на терените на „Тенис Парк“ во СЦ „Јане Сандански“ Милер победи со 6:2 и 6:4.

За пласманот во финалето, Грабул ќе добие 10 поени.

Македонскиот тенисер само три часа претходно, го одигра полуфиналниот меч против Хрватот, Кристијан Месарош, дуел кој требаше да се игра во саботата, но поради лошите временски услови беше одложен. Грабул победи со 2:1, но беше многу исцрпен и најверојатно тоа е главната причина за слабиот отпор што му го пружи во финалето на седмиот носител на турнирот.

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен