Чешка го освои Дејвис купот

Од:

Репрезентацијата на Чешка го освои Дејвис купот, прв пат по 1980 година кога победија како Чехословачка и го кренаа популарниот пехар „салатара“ откако во решавачкиот меч Радек Штепанек со 3:1 во сетови го победи Николас Алмагро.

Тоа беше третиот поен за Чешка во јубилејното 100. финале на Дејвис купот кое се одигра во „О2 Арена“ во Прага.

Во решавачкиот меч Штепанек поведе со 2:0 во сетови откако ги доби првите два со 6:4 и 7:6, а потоа Алмагро намали на 2:1 откако го доби третиот сет со 6:3. Сетот за победа Штепанек го освои со 6:3 во гемови.

Претходно во првиот меч од денешната програма Давид Ферер убедливо со 3:0 во сетови го победи Томаш Бердих и изедначи на 2:2.

Шпанија остана на пет пехари и не успеа да го одбрани пехарот.

Чешка е првата репрезентација која во иста година победи во Хопман купот, Фед купот и Дејвис купот.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех