Комплетирано третото коло на Вимблдон и кај мажите

Од:

Со одигрување на денешните шест натпревари беше комплетирано 3. коло на Вимблдон во машка конкуренција.

Маратонски меч одиграа Жо-Вилфред Цонга и Џон Изнер. По пет сета игра во меч што траеше 4 часа и 24 минути победа од 3:2 оствари Цонга, кој решавачкиот сет го доби со 19:17 во гемови.

Покрај Цонга од Франција пласман во осминафиналето изборија уште и Лукас Пуиле и Ришар Гаске. Третото коло успешно го минаа и двајца тенисери од Чешка Томаш Бердих и Јиржи Весели, а на триумф денеска се радуваше и Ник Киргиос од Австралија.

Инаку, ова е по четврти пат во историјата на Вимблдон да се играат мечеви во „првата недела“.
Утре на Вимблдон на програмата се осминафиналните мечеви во двете конкуренции.

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен