Ѓорческа освои трофеј во двојки на фјучрсот во Штутгарт

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да триумфира во конкуренција на двојки на фјучрсот во Штутгарт. Таа заедно со Флоренција Молинаро од Аргентина ја оправдаат улогата први носителки. Во финалето ги победија Аминат Кушхова (Русија) и Диана Сумова (Чешка).

До победата стигнаа со пресврт откако првиот сет го загубија со 6:1 во гемови, во следниот тие беа подобри со истиот резултат во гемови. Во решавачкиот сет беше 10:7 на поени за Ѓорческа и Молинаро. Ова за Ѓорческа е трета турнирска победа во 2016 година во двојки, или вкупно 30.та во кариерата.

Во поединечна конкуренција нашата тенисерка има седум турнирски победи, а денеска од 14 часот ќе игра во финалето на истиот фјучрс против Далила Јакупович од Словенија.

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен