Спасувачките екипи ги пронајдоа телата на тројцата пилоти, останатите членови на екипажот и црната кутија на местото на падот на авионот на руското Министерство за вонредни ситуации Ил-76.
-Во текот на операцијата пронајдени се телата и една од двете црни кутии на местото на падот на авионот во оддалечената област на регионот Иркук, се наведува во соопштението на Центарот за спасувачки операции на Русија.
При падот на авионот погинаа сите десет членови на екипажот.
Во првичните извештаи се наведуваше дека во авионот имало 11 членови на екипажот, но Министерството за вонредни ситуации подоцна потврди дека имало само девет.