Јавното обвинителство соопшти дека 70-годишниот И.А., кој беше пронајден мртов во својата викендица во Маврово, според првичните наоди починал од природна смрт, силен мозочен удар.
Врз наодите од Основното јавно обвинителство-Гостивар, во текот на вчерашниот ден, по пријава од соседите, во својата викендица во местото викано „Бела вода“ кај Маврово бил пронајден 70-годишен И.А.
Со асистенција на полицијата е влезено во викендицата, каде се наоѓал починатиот потпрен на маса и околу него имало крв. По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Гостивар, телото на починатиот било предадено на обдукција.