НСДП: ВМРО-Шверцерска

Од:

Секогаш кога има избори во Македонија, главната асоцијација која се поврзува со ВМРО-ДПМНЕ е насилно шверцување на криминални и лукративни интереси низ изборниот процес.

Со вандализам, насилништво, полнење на гласачки кутии, импровизации без преседан, вчера владејачката партија успеа на кринимализиран начин и со поддршка на полицијата да ги понижи студентите и директно да се вмеша во спроведување на скандалозни избори за студентски лидер на УКИМ. Атмосферата на недоверба, заплашување, уцени, списоци со гласачи, сето она што македонските граѓани го искусуваа во изброните циклуси за време на власта на ВМРО-ДПМНЕ, вчера го спроведоа на студентските избори.

Соочен со своето заминување во историјата, режимот направи еден исчекор напред во инсталирањето на полициската држава, почна да удира со пендреци по студентите, по иднината на Македонија. Ако до вчера МВР беше инструментализирано за организирање на хајки, прогон, разни местенки на политички опоненти на власта, од денеска официјално се промовира во институција за прогон на младите надвор од Македноија. Авторитарната власт вчера и испрати порака дека не се пожелни во Македонија, дека нивната иднина не можат да ја гледаат или бараат овде доколку го кренат својот глас и се спротистават на узурпирањето и погазувањето на нивните основни граѓански и студентски права.

За НСДП е недозволиво и скандалозно, полицијата под полна униформа, со оклопни возила, да биде мобилизирана и пуштена насилно да исфрла и тепа студенти кои само си го бараа свото право на фер и деморкатски избор за студентски лидер. Поради тоа, сметаме дека министерто Митко Чавков, под итно треба да си поднесе неотповиклива оставка.

Уште еднаш се покажа дека кредибилитетот кој ВМРО-ДПМНЕ го има за организарање на избори е веќе толку урнисан, што не е пожелно да се дозволи на било кој начин, диреткно или индиректно, да учествува во организирање ниту на избори на совет на станари, а камоли на избори кои треба да го вратат легитимитетот на државните институции и да понудат излез од политичката криза во Македонија, соопштуваат од НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ