Од студентскиот парламент кои ги изнесоа кутиите од Универзитетот со партиски активити,и кои се заклучени во седиштето на СПУКМ, а ги чува специјална полиција, испратија писмено во кое напишаа дека денеска победила демократијата.
Следува интегралното соопштение.
“Во врска со шпекулациите кои излегоа во дел од медиумите дека се украдени три гласачки кутии, би сакале да демантираме и да потенцираме дека таквите информации имаат тенденциозна цел да ги скандализираат слободните и демократски избори кои се мета на постојана репресивност и скандализирање од одредени политички кругови.
Кутиите кои се вкупно три на број, во кои се наоѓаат гласачките ливчиња од Медицинскиот кампус, поради безбедност и закани за одзeмање и кршење од страна на вжештената група од десетици членови на Студентскиот пленум, се вратени од страна на изборната комисија и се наоѓаат на кампусот на Медицинските Факултети, каде што со полициска асистенција ќе бидат пренесени до седиштето на СПУКМ.
Иако во текот на гласањето упативме апел да се почитува правото на глас на студентите, политички мотивираниот Студентски пленум не го испочитува истото и цело време се обидуваше да го наруши изборниот процес.
СПУКМ изразува жалење за обидот на Студентскиот пленум да го наруши гласањето за избор на нов студентски лидер, со што уште еднаш покажа дека е политички мотивиран и не работи за студентите и студентското достоинство.
Денес и покрај сите подметнувања, притисоци и опструкции на изборите од страна на Студентскиот пленум, победи демократијата и победија студентите со што покажаа дека нема потклекнување на студентското движење на разно разни политички иницијативи и обиди за политизација на студентското движење“, напишаа од СПУКМ.