Студентите од Пленумот се собрани пред седиштето на СПУКМ и тропаат на вратата каде се заклучени лидерот на стидентите Кирил Спировски и членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ кои ги зедоа гласачките кутии со сила.
Во влезот каде е сместено седиштето, од внатре беше и исклучено светлото во влезот, а тие што се заклучени внатре ѕиркаат од време на време низ прозорците.
Од студентски пленум порачаа дека нема да се тргнат е додека не дозволат да влезат внатре и да се види колкумина гласале за денешниот таканаречен избор за претседател на студентскиот парламент.