Пратеничката на ДОМ Лилјана Поповска, заедно со пратеничката Лидија Димова, денес учествуваше на панел дебатата во ЕУ инфо центарот, организирана од страна на Младински Сојуз- Крушево, со поддршка на Europe for Citizens Програмата на Европската Унија. На дебатата се дискутираше за односот на пратениците кон младите и застапувањето на политиките во интерес на младите во парламентот.
Оваа дебата беше во рамките на проект кој содржи и истражување на јавното мислење за успешноста на пратениците кое било спроведено на сите 123 пратеници. Лилјана Поповска и Лидија Димова се во малата група пратеници кои што добиле најпозитивно мислење од страна на граѓаните со над 40% позитивно мислење и со тоа се стекнаа со т.н. благодарница за застапување во парламентот.