Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ, кој настапува за Баерн, демантираше дека на мечот против Нирнберг „салутирал“ во чест на генералите.
Тој заедно со неговиот соиграч Шаќири, по постигнатиот гол, салутираше пред трибината со навивачите на Баерн.
Натпреварот беше одигран еден ден откако Хашкиот трибунал ги ослободи хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач, па медиумите претпоставија дека фудбалерот на Баерн на тој начин сакал да ги испочитува.
„Моето славење на голот нема врска со политиката. Истрчав до корнер линијата, за да ги поздравам навивачите“, рече Манџукиќ.