Путин: Брегзит ќе има долготрајни драматични последици

Од:

Рускиот претседател Владимит Путин денеска изјави дека Брегзит ќе има долготрајни драматични последици.

– Имаме намера внимателно да ги следими разговорите меѓу Лондон и Брисел и какви последици ќе има Брегзит врз Европа и врз нас. Трауматичниот ефект од референдумскиот резултат ќе се чувствува уште долго. Да видиме како таму принципите на демократијата ќе бидат применети во пракса, оцени Путин.

Тој додаде дека резултатите од референдумот го потресле пазарот.

– Сепак мислам дека се ќе се среди во некој среден рок, посочи Путин.

Тој наведе и дека излегувањето од Европска унија е одлука на британските државјани и оти Русија на ниту еден начин нема да се меша во тој процес.

Путин се осврна и на изборите во САД, нагласувајќи дека Русија е подготвена да соработува со кој било иден американски претседател, но исклучиво на рамноправна основа.

Рускиот претседател во разговор со амбасадорите и постојаните претставници на Русија посочи дека Москва искрено се залага за што побрзо решавање на кризата во Украина, но смета дека пролонгирањето е неприфатливо.

Путин осврнувајќи се на ситуацијата во Сирија наведе дека ќе одлучуваа резултатите од борбата против Исламска држава.

– Тероризмот стана главен предизвик за меѓународната безбедност, истакна Путин. 

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп