Претседателката на Форумот на жени на Демократската обнова на Македонија (ДОМ) Маја Морачанин учествуваше на панел дискусијата во Европскиот парламент во Брисел. Организатори на дискусијата се Европските зелени партии.
– Претставници од зелените партии, академската сфера и невладиниот сектор разговараа за родовата димензија на праведно оданочовување. Учесничките од Родовата мрежа за Зелените разменија искуства за понатамошно унапредување на родовите активности и правата на жените во нивните матични партии и држави, се вели во соопштението од ДОМ.