Русите и Амеркинаците се обвинуваат за опасно приближување на воени бродови на Медитеранот

Од:

Руски воен брод пред 11 дена изврши “небезбедна и непрофесионална“ поморска операција во близина на два американски брода, соопшти портпаролот на американското Министерство за одбрана, откако
Москва обвини дека американскиот брод опасно се приближил на рускиот брод.

Неименувано американско официјално лице кажа дека руската фрегата се приближила на 288 километри од американскиот брод “Грејвели“ и на пет наутички милји од носачот на авиони “Хари Труман“, во источниот дел на Медитеранот, пренесе Ројтерс.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека американскиот воен разорувач Гравели во Средозменото море опасно се приближил на рускиот воен брод “Јарослав Мудри“ и со тоа ги прекршил меѓународните прописи за спречување судир на море.

-На 17 јуни, морскиот ракетен разорувач “Гравели“ се приближи на опасна мала оддалеченост од 70 метри до рускиот воен брод, пишува во соопштението на министерството.

Агенцијата Тас пренесе дека рускиот воен брод пловел во меѓународни води, одржувајќи константен курс и брзина, како и тоа дека не изведувал никакви маневри во однос на американскиот брод.

-Екипажот на американскиот брод ги прекрши меѓународните прописи за спречување на судир на море, се укажува во соопштението на министерството.

Би можело да ве интересира

Кремљ: САД е непријателска земја за Русија

А1он

(ВИДЕО) Напад со дронови во рускиот град Казан

А1он

Пожар во притвор во Русија: Има мртви

Владата на САД ја дели еден ден да остане без пари

Руските сили за воздушна одбрана соборија 36 украински беспилотни летала во текот на ноќта

Ракетен напад врз Киев, најмалку две лица повредени, пожари на повеќе локации