Стевананџија: Димова ја злоупотреби пратеничката функција

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска најостро го осуди однесувањето на пратеничката Лидија Димова од СДСМ која, како што наведоа на прес-конференцијата, вчера била дел од протестите на „Шарената револуција“ и ја напаѓале македонската полиција.

– Како пратеници најостро го осудуваме вчерашното скандалозно, дрско и недолично однесување на пратеничката од редовите на СДСМ Лидија Димова, која вчера беше дел од насилните протести на кои активисти од таканаречената „Шарена револуција“, но и актуелни функционери на СДСМ ја напаѓаа и навредуваа македонската полиција која ги извршуваше своите редовни работни задачи, рече пратеникот Димитар Стевананџија.

Според него, Димова вчера „со своето срамно и арогантно однесување најотворено, без нималку срам и одговорност ја злоупотреби својата пратеничка функција и имунитет одбивајќи да постапи по полициските наредби“.

– Пратеничката од СДСМ Лидија Димова вчерашното непочитување и злоупотребување на пратеничката функција и имунитет го демонстрираше токму во моментите кога таа и сите останати пратеници од СДСМ не доаѓаат на работа, а земаат плата од џебот на граѓаните. Ваквото срамно однесување на СДСМ конечно мора да престане. Пратениците од СДСМ мора да престанат да мислат дека тие се избрани од Господ, а не од граѓаните. Крајно време е СДСМ да престане да се однесува како буржоаска класа на која што никој и ништо не и може, рече Стевананџија.

Пратеничкиот имунитет како неа, така и нас, рече пратеникот, „не не штити од сторени прекршоци во сообраќајот, за кои токму вчера полицијата ја предупреди Димова, ниту ја штити од сторените повреди на одредбите од Законот за јавен ред и мир“.

– Иако Димова била свесна за сторените прекршоци и повреди на законите, тоа не ја ослободува од правната одговорност како граѓанин, но и од моралната одговорност која што ја носи како пратеник во Собранието на Република Македонија, рече Стевананџија.

Ја повика Димова, но и сите останати пратеници од СДСМ, наместо, како што кажа, „парите кои што ги земаат од граѓаните да ги користат за нивните партиски деструктивни сценарија низ улиците Скопје, конечно да дојдат на работа, да ги заработат своите плати и да работат во интерес на граѓаните кои што ги избрале, а не во интерес на двоецот Заев – Шекеринска“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите

Стојаноска: Гласајте за број 9 зошто гласот за Димче во Гостивар е глас за Али

Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костовски: Во општина Бутел направивме спортска револуција

Горан Наумовски