Нова инвестиција која ќе отвори 500 работни места во внатрешноста на државата, најави денеска премиерот Никола Груевски.
„Се работи за инвестиција која ќе овозможи најмалку 500 директни вработувања, а има можност за уште една таква инвестиција во внатрешноста на Македонија од областа на производството. Се надевам дека наредниот месец инвеститорот ќе ја објави и ќе ги каже деталите“, нагласи Груевски.