Објавен „дрим-тимот“ на САД кој ќе настапи во Рио

Од:

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави, Мајк Кжижевски го објави списокот на играчи со кои ќе настапи на Олимписките игри во Рио Де Жанеиро.

На списокот на Кжижевски се наоѓаат: Кајри Ирвинг, Клеј Томпсон, Џими Батлер, Кајл Лаури, Демар Дерозан, Кевин Дурант, Кармело Ентони, Пол Џорџ, Дрејмонд Грин, Харисон Барнс, Демаркус Казинс и Деандре Џордан.

Изминатите неколку дена своето учество на ОИ во Бразил го откажаа двете најголеми ѕвезди на американската и светска кошарака во моментов Стеф Кари и Леброн Џејмс.
ОИ во Рио се на програмата од 5-21 август.

САД се победници на кошаркарскиот турнир на последните две изданија од Олимпијадите, во Лондон 2012 и во Пекинг 2008 година.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on