(ВИДЕО) Заев: Подготвени сме за избори

Од:

Од државата се крадат 400 милиони евра годишно. Само ова да остане во Македонија, ќе може да се искористи и за враќање на кредитите, но и за развој, вели претседателот на СДСМ Зоран Заев, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Пред изборите во 2006 година, имавме интервју со тогашниот опозиционер Никола Груевски. Во тоа интервју, тој тогаш ја објави неговата изборна програма, победи на изборите и од тогаш не ни даде интервју. Каде е вашата програма за која велите дека ја имате цела година?

Програмата на СДСМ ја донесовме на конгресот во декември 2015 година, 224 страници, работена повеќе од една година со вклучен граѓански сектор и граѓански организации. Програма разработена во секој сегмент, соодветно нудејќи решенија за секојдневните актуелни проблеми во Република Македонија, со една среднорочна визија за четиригодишен мандат на нова влада. Не само програма, веќе ги имаме изработено и флаерите заради водење кампања, но го чекаме моментот кога тоа ќе се случи.

Значи, вие сте спремни за избори?

Спремни сме за избори. Ние сме единствената партија којашто во декември донесе изборна програма на конгрес, подготвена со формиран штаб да влезе во изборни активности.

Дали ако ја освоите власта ќе бидете отворен и за оние критички настроени медиуми кон вас?

Гаранција на тоа е моето присуство кај Латас, моето присуство кај Богатинова, коишто, барем според нас, се перјаници на власта. Бевме таму, колку и тоа да изгледа незгодно, критички за нас или ризично. Политичарите мора да бидат транспарентни, не може да ги бираат медиумите, мора да бидат секој пат на повик на интересот на медиумот затоа што само на тој начин граѓаните ќе бидат во тек со сите актуелни состојби во државата.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов