ДОМ против проектот„Рудник за злато Иловица“

Од:

ДОМ изразува сериозна загриженост заради можноста од отварање на Рудникот за злато Иловица во општина Босилово, од страна на канадската компанија Еуромакс Ресурсер Македонија. Овој проект ќе има сериозни закани по здравјето на луѓето преку загадувањата на почвата, водите и воздухот со опасни тешки метали и хемиски супстанции, а воедно ќе направи и непоправлива промени на релјефните карактеристики на пределот и загрозување и уништување на водотеците, животинскиот и растителниот биодиверзитет на целиот струмички регион, но и во соседните земји Бугарија и Грција – рече портпаролот Тони Ристов.

Вознемирувачки изгледаат презентациите од Еуромакс Ресурсес Македонија, на кои се гледа дека во наредните 23 години, на работна површина од 1500 ха ќе биде пресечена пола планина, со што трајно ќе биде нарушен релјефот на ова подрачје, односно ќе бидат извадени неколку милиони тони земја, и планината со висина од 800 мнв же биде сведена до 100 мнв на површина од 500 ха отворен руден коп. Со извадената почва ќе биде подигнато хидројаловиштето во долината на река Штука, преградено со брана, но без целосна заштита од понирање на опасните материи во почвата и доаѓање во допир со подземните води. По завршувањето на работите во отворениот коп ќе се создаде езеро, од кое ќе се појави опасност од прелевање по надојдени води или од појава на свлечиште од граничните работни страни на површинскиот коп, што претставува отворена закана од поплавување на Струмичко поле.

Со започнувањето на експлоатацијата на злато и бакар ќе дојде до загадување на почвите и водите со високо отровниот тежок метал арсен, кој во зголемени концентрации ќе се појави во водите на реките Јазга и Штука, но и во подземните води на Струмичко поле. Закана постои и од цијанидот, кој е една од најотровните хемиски супстанци, а кој ќе се употребува за чистење на златото, и ќе биде одложуван во хидројаловиштето на рудникот, а за што инвеститорот не гарантира 100% заштита од одложеното отровно дејство.

Апокалиптична е изјавата на Еуромакс Ресурсес, кои најавуваат дека нема да постои можност од возобновување на шумскиот фонд и дека ова подрачје ќе остане трајно неупотребливо за економски или било какви други активности. Од подрачјето ќе исчезнат сите животински видови кои го населуваат просторот, а за кои компанијата најавува невозможна операција за нивно преселување во нови живеалишта.

Долг е списокот на опасности кои му се закануваат на населението и на стопанството во целина. Пред се тука мора да спомнеме дека Струмичко поле, кое е еден од најплодните региони во Македонија и најзначаен извезувач на земјоделски производи, може да стане јалово земјиште, со што ќе се изгубат редица земјоделски гранки, но и илјадници работни места.

Затоа, ДОМ бара од надлежните институции, пред се Министерството за животна средина и просторно планирање да не дозволи започнување со работа на рудникот Иловица. ДОМ до МЖСПП ќе испрати коментари и забелешки по направената Студија за оцена на влијанието врз животната средина, но ќе побара и запирање на сите постапки за отворање на рудникот и престанување на важење на концесискиот договор.

Од ДОМ сме убедени дека во Македонија несмее да има место за валканите индустрии и бизниси. Македонија несмее да стане место каде сомнителни компании ќе ни ја уништуваат природата, здравјето на луѓето и храната и за таа цел неопходна е транспарентност и силен институционален и граѓански мониторинг. Својот развој Македонија мора да го пренасочи кон чисти технологии, зелена економија и циркуларна економија, за да се постигне баланс на економските, социјалните и еколошките аспекти и потреби – рече на крајот на прес конференцијата Ристов.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски