Генералниот директор на ММФ, Кристин Лагард ги повика денеска властите во Велика Британија и Европа заедно да обезбедат непречена транзиција на новиот економски однос меѓу Лондон и ЕУ.
Освен тоа, таа побара да се објасни и процедурата и широките цели кои ќе го насочуваат процесот.
– Силно го поддржуваме ангажманот на Англиската централна банка и Европската централна банка да обезбедат ликвидност на банкарскиот систем и да ја намалат финансиската нестабилност. Ќе продолжиме да го следиме развојот на настаните и подготвени сме да ги поддржиме нашите членки доколку има потреба, изјави Лагард.