Израел е подготвен значително да го прошири обемот на воените операции против борците на Хамас во Појасот Газа, изјави денеска премиерот Бенјамин Нетанјаху.
– Ние плаќаме превисока цена за акциите на Хамас и другите терористички организации.
Армијата е подготвена значително да ја зајакне операцијата. Војниците се подготвени за секаков развој на ситуацијата, нагласи Нетанјаху на почетокот на неделната седница на кабинетот.