Времето денеска: Топло со мала облачност

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Утринската темепеатура ќе достигне до 21, а дневната до 37 степени.

Во сабота ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Од недела во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.

Би можело да ве интересира

Најави за дожд овие неколку дена, од викендот многу потопло

Температурите ќе растат, но повторно најави за дожд

Променливо облачно со повремен дожд и температура до 19 степени

А1он

Топло денеска, викендот и понеделник дожд и ветер

Во викендот дожд и пониски температури

Времето топло, но повторно ќе врне

Катерина Ѓуровски