Победа за двојката Магдинчев – Русевски на фјучрсот во Скопје

Од:

Македонската комбинација Лазар Магдинчев и Предраг Русевски по голема борба се пласираа во следното коло на фјучрсот во двојки што се игра во Скопје. Тие попладнево ги победија Петар Цонкиќ и Кристијан Хиршмилер со 6:4; 6:7 (4:7) и 10:6 на поени и во следното коло ќе играат против Томислав Јотовски и Александар Лазов од Бугарија.

Македонските тенисери и денеска немаа успех во сингл мечевите. Јотовски загуби од првиот носител Данило Петровиќ од Србија со 6:3 и 7:5 во гемови, а Бесир Дургути беше поразен од Кристијан Месарош (Хрватска) со 6:2 и 6:1. Настапот го заврши и Горазд Србљак, кој загуби од Саси Кумар Мукунд (Индија) со 6:4 и 6:1 во гемови.

Нашите тенисери беа поразени и во конкуренција на двојки. Шендрит Деари и Србљак загубија со 6:4 во двата сета од Дарко Јандриќ и Либор Салаба, додека Стефан Мицов и Нермин Фатиќ загубија од Лени Хампел и Данило Калиниченко со 6.4 и 6:3.

Утре на терените на „Тенис парк“ во склоп на СЦ „Јане Сандански“ се играат мечевите од 2.коло во поединечна конкуренција и четвртфиналето во игра на двојки.

Би можело да ве интересира

Како и за Вимблдон, и за УС Опен Ѓоковиќ не е во преден план на промотивниот постер

Предраг Петровиќ

Македонските тенисерки обезбедија финале по триумфот над Косово

Серена Вилијамс го освои 70. трофеј во својата кариера

Емир Латифовиќ

Пенета прва Италијанка во финалето на US Open во историјата

Емир Латифовиќ

Мареј го елиминира Киргиос

Емир Латифовиќ

Хакиран инстаграм профилот на Ѓоковиќ

Емир Латифовиќ