Уставните судии ја тргнаа од дневен ред точката за разгледување на уставноста на одлуката за поставување крст во општина Бутел.
Иницијативата која е поднесена во март од градоначалникот на Стругам Зијадин Села, сепак ќе се разгледува на следната седница.
Одлуката за поставување на крстот е донесена како одлука за поставување на урбана опрема, објавена во „Службен гласник на општина Бутел” број 2 од 23 февруари 2016 година.
Иницијативата, до Уставниот суд ја поднесе градоначалникот на Струга, Зијадин Сeла. Иницијативата е поднесена во март и беше ставена на дневен ред на седница на Уставниот суд на 31 мај, но потоа беше тргната од дневниот ред.
Поставувањето на крстот предизвика тензии па и физички пресметки, при што беше претепан претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.
Активисти на партијата поставија камп на местото каде требаше да се гради крстот, откако предходно беа осветени темелите. ДУИ се повлече од кампот, но крстот не продолжи да се гради иако одлуката за неговото постапување уште е на сила.
Средства за изградба на крстот донираше Светскиот македонски конгрес. Крстот треба да биде висок 55 метри.