На денешната 105. седница на Собранието на Р.Македонија пратеник на ТХП Енес Ибрахим јавно го праша Иванов дали се согласува со своите тесни соработници од власта кои се фалеа со тоа што можеле да ги фатат Турците за уши и да ги носат на гласање, притоа нарекувајќи ги цигани.
Дали и Иванов е исто така соучесник на оваа фашистичко-шовинистичка реторика која е исфорсирана од страна на ВМРО-ДПМНЕ?
Пратеникот на ТХП Енес Ибрахим потврди дека Турската заедница веќе не се плаши од овие банални нацистички постапки и дека јасно и гласно се борат со овој режим. Но исто така Ибрахим постави уште едно прашања до Иванив: ”дали и Иванов сака да биде исвиркан од Турците како што тоа го доживеа Груевски?” Ибрахим имаше и јасна порака кон Иванов, да не бери гајле, само да продолжи вака и верува дека во блиска иднина и тој ќе биде почестен со свирежи од Турците.