Потпишана Декларација за односите меѓу Србија и Хрватска

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ и претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ потпишаа денеска во Суботица, Декларација за унапредување на односите и решавање на отворените прашања меѓу Србија и Хрватска.

Со Декларацијата е договорено со цел унапредување на блатералните односи, регионалната соработка и стабилност како и решавање на отворени прашања, активно да се покренат или забрзаат процеси за унапредување на билатералната заштита на малцинствата – српското во Хрватска и хрватското во Србија.

Во втората точка од декларацијата се вели дека веднаш треба да се пристапи кон преговори меѓу државни комисии за одредување на граничната линија меѓу Србија и Хрватска врз основа на меѓународното право. Во документот се вели дека двете страни немаат никакви територијални претензии и подготвени се во случај билатералните преговори да не успеат, својот територијален спор да го изнесат пред меѓународна правосудна институција.

Трета точка е согласност Србија и Хрватска да забрзаат примена на Договор за прашања на сукцесија.
Со декларацијата се потврдува дека двете држави се согласни потрагата по исчезнати лица е приоритетно хуманитарно прашање и ќе вложат искрени и максимални напори за барање исчезнати.

Двете држави се свесни за новите предизвици пред Европа и светот особено меѓународниот тероризам и светската мигрантска криза и оти се подготвени двете држави активно и координирано да дејствуваат во борба против тероризмот и бегалската криза.

Последната точка се однесува за заедничките прекугранични проекти и се вели дека двете држави се подготвени активно да дејствуваат во заеднички развојни и прекугранични проекти на ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ