Андонов: Овде не сме да се закануваме

Од:

-Ние не им се закануваме на државните институции тоа се институции на Македонија и на целиот народ македонски. Застанавме овде да покажеме пред судот, да упатиме една мирољубива порака дека го поддржуваме слободното судство, независното судство, одлуките на судиите и дека не сме тука да се закануваме. Некои други се закануваа дека ќе палат , дека ќе уриваат дека ќе поднесуваат кривични пријави: Ние не сме тие, ние си ја сакаме татковината и ги почитуваме нејзините институции, рече Оливер Андонов пред Основниот суд 1 во Скопје.

Тој посочи дека единствен кој што не ги почитува институциите е лидерот на опозицијата кој фрлаше со боја по нив, се заканува на судиите , се заканува на секој граѓанин поединечно.

– ГДОМ ги заштитува државните атрибути на Р. Македонија и нема да се повлечеме од оваа наша борба бидејќи ние ја имаме само Македонија и тоа е нашата држава. Немаме резервна варијанта и немаме намера да отстапиме од нашата татковина. А тие кои сториле кривично дело и кои се аболицирани, по не знам кој пат и кои мислат дека со закани можат да се справат со државата, судот на нив треба да им пресудува, но според легалните законски прописи и постапки, истакна Андонов, пред насобраните граѓани.

Би можело да ве интересира

Михајловски: За револуција треба народ и еве еден дел од народот

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Пандов со закана до судиите: Ќе дојдеме повеќе и ќе влеземе во судот

(ВИДЕО) Од толку народ што „врие“, мораше да се носи администрација со автобуси во Скопје

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Спонтано“ собраните домаќинки на собир пропагираа за ВМРО-ДПМНЕ како ГДОМКИ

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Исвиркани контрадемонстрантите

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Се делат сендвичи пред контрапротестот на ГДОМ

Емир Латифовиќ